Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Д.Ѓ.(48) од Кичево и С.П.(55) од кичевското село Миокази, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „проневера во службата“ и „несовесно работење во службата“.
Од 2016 до 2018 година пријавениот Д.Ѓ. противправно присвоил 2.829.150 денари кои му биле доверени во извршување на неговите службени овластувања на работно место стручен соработник – главен ловник во Здружението за лов и спортско рекреативен риболов „ЕЛЕН“ од Кичево.
Пријавениот С.П., во својство на претседател на здружението, несовесно постапил во вршење на своите овластувања и должности. Тој не се грижел административно-финансиското и техничко работење на здружението да бидат во согласност со Законот за здруженија и фондови, со статутот на здружението и со другите законски и подзаконски прописи.