Во Скопје попладнево на 57-годишна возраст почина поранешниот главен извршен директор на „Т-Мобиле“ Жарко Луковски.
Дел од медиумите јавија дека Луковски починал во болница како последица на мозочен удар кој го доживеал вчера.
Луковски беше на највисоки раководни позиции во „Т-Мобиле“ од 2006 година. Во 2010 година беше назначен за главен извршен директор на „Т-Мобиле Македонија“, а во 2015 година за главен оперативен директор на Македонски телеком.
Луковски беше и еден од осомничените во случајот „Базни станици“ на Специјалното јавно обвинителство.