СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.С.(29) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама при добивање на кредит или друга погодност“.
Во текот на 2018 во Македонско кредитно биро пријавената набавила лажни документи „Согласност за доставување на извештај од Македонско кредитно биро“, заведена во Министерство за транспорт и врски на 10.01.2018 и „Налог за задршка на плата заради наплата на побарување со административна забрана за корисник на кредит“, заведен во Министерство за транспорт и врски, при што ги употребила како вистинити во постапка за добивање на кредит од банка во Скопје и лажно прикажала дека е кредитоспособна, односно дека е вработенаво Министерство за транспорт и врски на неопределено време.