На 01.12.2019 околу 00,35 ч. пријавено е пукање од огнено оружје во хотел Александар Палас во Скопје.
Повредени лица нема.
Според пријавеното, додека во ресторанот на хотелот седеле Е. И. (21), Е. И. (25), О. Б. (35), К.И. (41) и Љ.Ќ. (25) три лица почнале да пукаат кон нив.
Тогаш Љ.Ќ., полициски службеник кој не бил на работа, испукал од службениот пиштол кон нив, по што тие заминале.
МВР денеска соопшти дека се работи на расчистување на случајот.