На 01.12.2019 околу 13.00 часот во Полициска станица Прилеп било пријавено дека во Градската општа болница Прилеп бил донесен со повреда С.Б.(65) од с.Обршани.

Според пријавеното од страна на Ж.П. од с.Обршани и Д.Ш. од Прилеп, околу 12.00 часот, додека биле на лов покрај брегот на Црна Река, С.Б. бил повреден од експлозивна направа.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/12/2019 18:22