Привремениот менаџер на Арсенал, Фреди Љунгберг планира разговор со долгогодишниот поранешен тренер на Лондон, Арсен Венгер. Французинот беше на чело 22 години, а Љунберг, кој во еден момент беше играч на „топџиите“, го замени Унаи Емери пред неколку дена.
– Јас навистина би сакал да зборувам со Венгер. Сè уште не сум го сторил тоа, бидејќи сè се случи многу брзо, но тоа е во моите планови, рече Љунгберг.
Швеѓанецот додаде дека ќе побара совет и од неговиот сонародник Свен Горан Ериксен.
Тимот на Љунгберг ремизираше 2-2 против Норвич, а во четврток ќе се обиде да ја запише својата прва победа како менаџер на Арсенал во дуелот дома против Брајтон.