Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп смета дека напаѓачот на Барселона, Лионел Меси е најдобриот играч, но смета дека Вирџил ван Дајк ја прикажа најдобрата сезона досега што ја одиграл еден одбранбен фудбалер.
- Така гледаат луѓето, апсолутно нема никаков проблем. Меси е веројатно најдобриот играч што сум го видел во целиот мој живот. Тука е и Марадона, но Меси го имам гледано почесто. Лео со право го освои трофејот шест пати. Но, не можам да се потсетам на поимпресивна сезона што ја имал еден дефанзивец. Она што го кажа Ван Дијк по церемонијата беше апсолутно точно. Јас сум многу среќен за моите играчи. Имавме одлична сезона, сега се дистрибуираат наградите. Сите момци можат да се борат за нови, изјави Клоп.
Меси пред два дена од „Франс фудбал“ беше прогласен за фудбалер на годината и по шести пат ја доби „Златната топка“ оставајќи ги по бројот на гласови зад себе Ван Дајк и Кристијано Роналдо.