Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица, на возраст од 28 и 30 години, за кои постои основано сомнение дека на 2 декември влегле во маркет во селото Сандево и со закана со нож кон вработената, одзеле парични средства во вкупен износ од 36.600 денари.

-Бидејќи постои опасност осомничените да се дадат во бегство, да ја попречуваат кривичната постапка со влијание врз сведоците или да го повторат делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени, се наведува во соопштението од Обвинителството.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/12/2019 14:33