Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против С.Б.(39) од Делчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“.

На 7 август .2019 полициски службеници при попис во спортска обложувалница во Делчево, констатирале дека пријавениот, вработен како благајник, противправно присвоил парични средства во износ од 650.000 денари, со што ја оштетил спортската обложувалница.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/12/2019 23:57