Манчестер јунајтед синоќа го совлада Тотенхем на домашен терен во натпревар од 15. коло од шампионатот на Англија со 2:1.

Стрелец на двата гола за домаќините беше Маркус Рашфорд, додека за „спарси“ погоди Деле Али.

Ова воедно беше прв пораз за Жозе Мурињо на тренерското место во Тотенхем. Последен клуб на португалскиот стручњак беше токму Јунајтед од каде доби отказ пред една година.

На другите премиерлигашки средби одиграни вчеравечер постигнати се овие резултати: Челзи – Астон Вила 2:1 Лестер – Вотфорд 2:0 Саутемптон – Норвич 2:1 Вулвс – Вест Хем 2:0 Ливерпул – Евертон 5:2.

Води Ливерпул со 43 бода, пред Лестер кој има 35 и Манчестер сити со 32.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/12/2019 10:48