Две лица се лишени од слобода од страна на Единицата за недозволена трговија, откако во нивните домови е пронајденa дрога.
Вчера во седум часот наутро по судска наредба полициските службеници од Единицата за недозволена трговија извршиле претрес во домот на Б.С. (37) и пронашле кокаин. Истиот ден подоцна бил извршен претрес и во домот на Р.П. (38) при што била пронајдена и одземена марихуана и семки од марихуана.
Од Судија на претходна постапка одредена им е мерка притвор.