Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе обвинителен акт против едно лице, осомничено дека сторило кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
Јавно обвинителство на Република Македонија во денешното соопштение појаснува дека обвинетиот заедно со едно веќе осудено лице, во автомобилот што го управувал, неовластено заради продажба држеле хероин со вкупна нето маса од 1.496 грама. Дрогата била спакувана во три најлонски кеси на совозачкото седиште во возилото во кое биле двајцата.
– Со оглед на тоа што надлежниот јавен обвинител оцени дека постои опасност обвинетиот да се даде во бегство или да го повтори кривичното дело, тој до судот достави и посебен предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор, стои во соопштението.