Во близина на Шумското складиште кај село Миравци, вчера било пронајдено тело на починато лице, соопшти денеска СВР Струмица.

Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а екипа од полициската станица во Гевгелија констатирала дека се работи за лицето Н.С. (55) од село Давидово.

По наредба на јавен обвинител телото било предадено на обдукција.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/12/2019 20:09