Холандскиот стручњак, Берт Ван Марвајк, веќе не е селектор на фудбалската репрезентација на Обединетите Арапски Емирати.
Ван Марвајк (67) со Холандија дојде до финале на СП 2010 година, беше сменет откако селекцијата на ОАЕ загуби од Катар со 2:4 на Купот на земјите од Персискиот залив. Со овој пораз, ОАЕ не ја мина групната фаза, што се смета за голем неуспех.
Овој тренер на чело на репрезентацијата на ОАЕ се задржа помалку од една година, поточно девет месеци. На функцијата дојде на местото на Алберто Ѕакерони, на кого, исто така, не му беше простен пораз од ривалот Катар, тогаш во полуфиналето на Азискиот куп.