Се разбира дека можете да се гледате со колега/колешка на работа, само внимавајте.
Истражувањата покажуваат дека повеќето мажи избегнуваат да се дружат со колешките, затоа што имаат страв од она што може да се случи ако врската се распадне. Но, размислете за тоа! Колегите се тие што ја познаваат тешкотијата, вашиот работен план и ви ја олеснува паузата за ручек. Затоа, слободно одете напред. Сепак мора да размислите и да си одговорите дали сте подготвени за романса на работа?
Поставете граница
Заедно во лифтот после жешката забава во кревет? Непријатно и потенцијално штетно. Според една анкета жените кои чувствуваат каење утрото по бурната ноќ, се повеќе од мажите, пособено ако сметаат дека тоа е било прва и последна интимна блискост.
Доколку се најдете во ваква ситуација, започнете разговор со интерна шега која сте ја споделиле и пред да завршите заедно. Ако претходно имавте добри односи на работа, покажете и дека тоа не се променило.
Ставете крај на трачевите
Стравот од она што другите ќе го кажат, загрозува многу потенцијални врски, според неодамнешното истражување. Сепак, 66% од испитаниците велат дека ако веќе е воспоставена врска, тие немаат намера да ја сокријат.
Запознајте се: Најважен е тајмингот. Појавете се заедно на пијалок после работа, со што јасно ќе им пренесете на другите што сте и со тоа ќе спречите непотребна драма. Кога другите колеги ќе започнат да поставуваат прашања, одговорете кратко и едноставно, без премногу детали. Соработниците не би сакале да знаат повеќе, но и нема потреба.
Заборавете на работата
„Партнерите“ на работа, кои ги споделуваат истите неволји, можат погрешно да ги толкуваат како за романтична двојка. Но, разговорите за работа за време на период на запознавање помеѓу пртнерите нема да вроди со резултат и таквата врска нема да успее..
Снајдете се: „Ограничете ги вашите разговори за работата на 10 минути, а потоа преминете на други теми“, сугерира авторот на „Како да разговарате со секого“. За да се зближите, потребно ви е некое заедничко и независно искуство надвор од канцеларија. Можете да ја забрзате комуникацијата гледајќи добар филм или пак заедно да одите на кратко романтично патување.
Известете го шефот на работа
Никој не сака „срце на дланка“ на местото на работа, но секако шефот ќе ги слушне вестите за вас еден ден, па добро би било ако ги слушне од вас.
Користете го тестот „Запознајте ги родителите“. Ако врската е доволно сериозна за да ја запознаете вашата девојка пред родителите, вие сте подготвени да му кажете и на шефот. Ви предлагаме едноставно да бидете отворени, искрени и потенцирајте дека бизнисот нема да страда заради тоа. Не одете во канцеларијата на шефот заедно, тоа е премногу детско.
Бидете подготвени за крајот
Само една третина од врските со колегите од канцеларијата одат кон нешто посериозно, затоа немојте да се шокирате ако заврши брзо. Ако сте гласни околу раскинувањето на работа, вашите колеги ќе (и можеби треба) да застанат на страната на вашиот поранешен.
Ви предлагаме, причините за раскинувањето да ги чувате настрана од работата. Никогаш не го споменувајте тоа во канцеларијата. Ако раскинувањето е тивко и мало, вашите колеги нема да знаат ништо повеќе: тие ќе мислат дека нешто едноставно не успеало.