Пожар зафати објект во росоманското село Паликура во кој повремено престојувало лице кое немало сопствен дом.
Од Територијалната противпожарна единица Кавадарци информираа за МИА дека во гаснењето учествувале со две противпожарни возила и пет пожарникари.
-Целта беше штетите од огнот да бидат што помали, а пламените јазици да не се прошират на околни објекти, рече Александар Чадамов, командир на единицата.