Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, остро ја критикуваше идејата на шефот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, за ​​создавање Суперлиги, во кои се вклучени најсилните и најбогатите клубови.

Перез предлага создавање на две светски лиги со по 20 тима, а според Чефрин ова ќе го уништи фудбалот.

– Читав за овој луд план. Тешко е да се замисли посебичен проект. Со сигурност ќе се уништи фудбалот – за играчите, за навивачите и за сите поврзани со играта. И сето тоа за профит на мал број луѓе, рече Чеферин.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/12/2019 01:18