Претседателот на Барселона, Пеп Марија Бартомеу, прифаќа варијанта во која менторот Ернесто Валверде сам ќе одлучи да се повлече од функцијата. Стретегот има договор до крајот на сезоната и досега не се водат никакви преговори за негово продолжување.

– Напролет, Валверде има можност да одлучи дали сака да остане. Можеби смета дека овие три сезони се доволни за него, рече клупскиот шеф во интервју за „Радио Каталонија“.

Спортскиот директор Ерик Абидал неодамна навести такво нешто.

– Не знам дали ова е последната сезона на Валверде во Барса, бидејќи тој ќе одлучи. Само можам да кажам дека неодамна разговаравме со него на оваа тема. Тој ќе одлучи кога ќе дојде време. Тој ќе си каже, објасни Французинот.

Нашироко се шпекулира дека од новата сезона, Барса ќе ја предводи Роналд Куман, кој во моментов е на чело на репрезентацијата на Холандија.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/12/2019 01:51