Aмериканецот Енди Руиз, кој ја загуби битката за светската титула во тешка категорија проти Ентони Џошуа, призна дека не бил добро подготвен за борбата.

– Сакам трет натпревар против Ентони Џошуа! Нема да барам оправдувања, затоа што АЈ беше подобар, ова беше неговата ноќ. Тој ме „играше“ добро, се движеше, го бркав. За третиот натпревар ќе бидам во најдобра форма, ќе бидам посветен, ќе тренирам повеќе со мојот тим. За овој натпревар тренирав сам. Благодарност до сите кои вечерва ме поддржаа, рече Енди Руиз по мечот.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/12/2019 09:30