Ентони Џошуа оствари крајно тактичка победа над поранешниот шампион Енди Руиз во 12 рунди (118-110, 118-110, 119-109 со едногласна одлука) и ги врати појасите во ИБФ, ИБО, ВБА и ВБО, кои ги загуби на 1-ви јуни по сензационалниот нокаут од Мексиканецот.

– Прво морам да му се заблагодарам на Господ. Човек како мене не прави изговори. Јас сум навикнат да нокаутирам, да победувам. По првиот натпревар бев сигурен и ветив дека ќе се вратам повторно и ќе одржам лекција. Сакав да покажам дека можеш да удираш, без да бидеш удрен. Јас многу го почитувам Енди како боксер, изјави Џошуа по дуелот.

Шампионот вети дека ќе остане скромен, откако си ги врати појасите.

– Се е прашање на подготовка. Ова е најважната работа во кариерата – да стекнам искуство. Си ја научив лекцијата. Штом сме се бореле двапати, можеме да го направиме тоа и трет пат, рече уште Џошуа во рингот.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/12/2019 09:43