Во тек на продолжениот празничен викенд на подрачјето на СВР Скопје од сообраќај се исклучени 23 возачи, од кои петмина за возење под дејство на алкохол, додека 18 возеле без да се стекнат со право на управување моторно возило, информира денеска Министерството за внатрешни работи.

Од сообраќај се исклучени и 21 нерегистрирано возило. Санкционирани се седум возачи поради поминување крстосница на црвено светло и шестмина кои не дале првенство на минување на пешаци.

Сообраќајната полиција санкционирала 21 пешак, поради поминување коловоз надвор од пешачки премин и 11 кои поминувале коловоз на црвено светло.

Во изминатите три дена со специјално возило „пајак“ се подигнати 121 возило.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/12/2019 12:45