Јапонката Наоми Осака ќе тренира под водство на Вим Фисет. Ова го објави на Твитер новинарот Бен Ротенберг.

Новиот тренер веќе е претставен на спонзорите на спортистот.

Фисет претходно работеше со Ким Клијстерс, Викторија Азаренка, Симона Халеп, Џоана Конта и Анџелика Кербер.

Дваесет и двегодишната Осака на почетокот на мината година беше прв светски рекет на ВТА ранг листата во женска конкуренција. Осака во моментов е на третото место, зад водечката Ешли Барти и второпласираната Каролона Плишкова.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/12/2019 18:28