Мексиканскиот клуб Монтереј ќе игра во полуфиналето на Светскиот куп во Катар, откако вечерва во четвртфиналето го совлада домашниот Ал-Сад со 3:2.

Во полуфиналето, Монтереј ќе игра против Ливерпул.

Европскиот шампион Ливерпул, заедно со првакот на Јужна Америка, Фламенго директно се пласираа во полуфиналната фаза.

Ривал на бразилскиот тим Фламенго во дуелот за влез во финалето ќе биде Ал-Хилал од Саудиска Арабија.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/12/2019 17:16