Италијанскиот фудбалски шампион Јувентус повторно е лидер на табелата, откако попладнево во рамките на 16.коло го совлада Удинезе на свој терен со 3:1.
Два гола за „старата дам“ постигна Кристијано Роналдо, еден Леонардо Бонучи. За гостите од Удине погоди Игнасио Пусето во судиското надополнување. Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски ги одигра последните седум минути за поразениот тим.
На другите денешни натпревари постигнати се овие резултати:
Верона – Торино 3:3 Милан – Сасуоло 0:0 Болоња – Аталанта 2:1.
Вечер играат Рома – СПАЛ и Фиорентина – Интер.
Во горниот дел на табелата Јувентус има 39 бода, Интер 38 и натпревар помалку, Лациое е трет со 33.