Деветнаесетгодишна девојка од светиниколското село Горубинци вчера ограбила 79 – годишен жител на Свети Николе. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова преку писмено соопштение вели дека вчера во 16:15 часот полициски службеници од Свети Николе ја лишиле од слобода 19 – годишната А.П. поради постоење основи на сомение за сторено кривично дело „кражба“.
-Таа, на 15 декември во 01.00 часот отишла во куќа сопственост на М.Ј.(79) на ул.„4-ти Јули“ во Свети Николе и под изговор дека и било ладно, побарала да влезе и да се стопли. М.Ј. ја пуштил внатре и во една прилика кога излегол од собата, од дрвено сандаче одзела пари во износ од 301.700 денари во разни апоени, по што ја напуштила куќата, се вели во соопштението на СВР-Штип.
Парите му се вратени на сопственикот, а по целосно комплетирање на случајот против А.П. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.