Македонскиот возач Ристо Вуков, го освои второто место во неговата класа, на престижната трка, Гулф 12, возена на патекта „Јас Марина“ во Абу Даби.

Рико се запозна со возилото со кое следната сезона ќе настапува во Порше Карера 911 ГТ3 купот во боите на екипата ГДЛ Рејсинг од Италија.

– Првпат седнав во новиот автомобил, со кој ќе ги бранам боите на Македонија во рамките на следната сезона, на меѓународната сцена. Искуството од преку 300 извозени километри на патеката во Абу Даби, е непроценливо. Ме радува тоа што имав одлична комуникација со мојот нов тим, се запознавме како функционира екипата и каков стил на возење имам јас, по што очекувам да имаме одлична соработка во годината што ни претстои, изјави популарниот Рико.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/12/2019 23:47