Француската глумица Клодин Оже, која се прослави како прва „француска девојка” на Џејмс Бонд, почина на 79-годишна возраст.

Со Шон Конери како „агентот 007″, таа глумеше во „Операција гром” (Thunderball) – четвртиот „Бонд“-филм oд 1965 година. Клодин Оже, инаку, почна со споредни улоги во филмовите на Роми Шнајдер и Ален Делон.

Статусот „Бонд девојка” го доби во конкуренција на Ракел Велч, Феј Данавеј и Џули Кристи.

Пред да стане глумица, Оже била и манекенка, но и „Мис на Франција”. Во 1958 година беше прва придружничка на „Мис на светот”.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/12/2019 11:22