Трката за Големата награда на Велика Британија која се возеше на патеката Силверстоун, е најпосетената трка годинава во Формула 1 шампионатот.
Објавено е дека само на три автомобилски трки во годината имало повеќе од 300.000 луѓе на трибините за целиот викенд кога имало квалификации или главната трка.
Во Силверстоун, во трите дена на британското Гран-при се собрале вкупно 351.000 луѓе, а неделната трка ја гледале 141 илјади. Во Мексико за викендот имало вкупно 345.000, а во Австралија 324 илјади. Вкупно 4,1 милион публика гледале во живо барем еден настан во Формула 1, и тоа е зголемување за 1,7 проценти во однос на 2018 година. Најголем раст имало во Канада.
Бројките ќе беа и подобри ако некои од трибините на „Сузука“ во Јапонија не беа затворени поради тајфунот.