Едно лице е убиено, а едно е застрелано во десната нога во семејна расправија во продавница, вечерва на ул. Московска непосредно до пазарот во Тафталиџе, во Скопје.
Според првичните информации од МВР за МИА, убиството е извршено од стрна на сопственикот на продавницата В.Ш. (55), кој по рсправија со пиштол пукал кон неговиот зет за сестра С.Д. (55), кој починал на самото место. Неговиот внук од сестра Ф.Д. (25), е погоден со куршум во десната нога и е префлен во Ургентен центар, каде му се укажува лекарска помош.
-Причините за убиството се нарушени семејни и имотно-правни односи, а сторителот е приведен, посочуваат од МВР.
Настанот во полиција е пријавен во 19:40 часот.