Светскиот првак во бокс тешка категорија, Ентони Џошуа, во април ќе треба да се бори со Бугаринот Кубрат Пулев, за појасот во ИБФ верзијата.

Олександер Усик истотака е задолжителен предизвикувач на Џошуа, во верзијата ВБО, но Британецот веројатно прво во април ќе го брани појасот во ИБФ против Пулев, а Украинецот Усик ќе треба да почека неколку месеци за да влезе во ринг со Џошуа.

Усик на 7 март веројатно ќе се бори со Дерек Чисора, па нема шанса повторно да боксува во април, а Џошуа најави дека следната борба ќе му биде во април. Битката на Џошуа и Пулев веројатно ќе биде некаде во Велика Британија, но тоа треба допрва да се одлучи.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/12/2019 12:09