Основачката на скопскиот Буден театар, кој креираше претстави за деца, актерката и режисерката Милиана Ленак почина вчера на 41 годишна возраст.

Ленак беше и на чело на Меѓународниот детски театарски фестивал Фенер, чие шесто насловено „Деца во премин“ почна завчера, а завршува денеска.

Милиана Ленак (Додевска) дипломирала на театарската академија Крсто Сарафов во Софија. Имаше постдипломски студии по режија од Меѓународната школа на ФАМУ во Прага.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/12/2019 12:22