Две лица се приведени ноќеска во Тетово на две локации поради агресивност кон полицајци, информира СВР Тетово. Првиот е малолетник, приведен на улица.

-Тој во 0:40 часот на улицата „Борис Кидрич“ во Тетово се однесувал агресивно кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Подоцна околу 4 часот, А.Ч.(26) од Тетово, пред угостителски објект на улицата „Маршал Тито“ во Тетово се однесувал агресивно кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија. И тој бил приведен во станицата во Тетово.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/12/2019 16:17