Ејч-Би-О (HBO) го објави целосниот трејлер за хумористичната вселенска серија „Авенија 5″ (Avenue 5) во која главната улога ќе ја има Хју Лори, најпознат по насловната улога во „Доктор Хаус“.

Проектот е на режисерот Армандо Ијанучи, инаку и познат шкотски сатиричар. Лори пак, ќе го глуми Рајан Кларк, капетан на луксузниот вселенски брод со назив „Авенија 5“. Покрај Лори, улоги во серијата имаат и Џош Гад, Сузи Накамура, Зак Вудс, Ребека Фронт, Итан Филипс, Ники Амука-Бирд и Химеш Пател.

Според Ијанучи, се работи, всушност, за приказна за луѓе кои немаат ништо заедничко, освен што се заедно во вселената и се обидуваат да се справат еден со друг.

Првата епизода од серијата е најавена за 19 јануари следната 2020 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/12/2019 02:03