Ким Клијстерс, која ја прекина кариерата во 2011 година, во понеделникот потврди дека ќе направи ново враќање на теренот во Мексико следниот март.

„Уште неколку недели трпеливост и ќе бидам подготвена. Отсуствував доволно долго“, сподели четирикратната Гренд слем шампионка во видео објавено на социјалните медиуми.

Белгијката се откажа прво во мај 2007 година пред да се врати на турнејата во август 2009 година, откако го роди своето прво дете. 36-годишната тенисерка првично имаше намера да се врати во спортот навреме за Австралија опен во јануари, натпреварување кое го освои во 2011 година.

Сепак, нејзиното враќање во трката во Мелбурн беше попречено од повредата на коленото.

– Сè уште не сум целосно обновена, но за неколку недели … ќе бидам подготвена, додаде таа.

Клајстерс посочува дека планира да се врати во Монтереј (2-8 март), а потоа планира да се појави на Индијан Велс (11-22 март) и во Чарлстон (4-12 април). Таа има две титули од Индијан Велс кои дојдоа во 2003 и 2005 година.

Таа има вкупно 41 титула во кариерата, вклучувајќи три на УС Опен (2005, 2009 и 2010) и една на Австралија опен (2011). Професионалната кариера на Клајстерс започна во 1997 година, достигнувајќи бр.1 во светот за прв пат во 2003 година.

Таа последен пат го достигна врвот во женскиот тенис во февруари 2011 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/12/2019 02:16