На 23.12.2019 околу 09:25 часот во СВР Скопје било пријавено дека во магацини на Дирекција за заштита и спасување во касарна „Гоце Делчев“ во населба Аеродром биле пронајдени школски модели на оружје, кои не биле евидентирани во нивните евиденции, а наводно биле оставени од АРМ во 2005 година.
На местото на настанот увид извршла увидна екипа од СВР Скопје, а предметите се подигнати за понатамошно постапување.