Балерини во костими синоќа играа сцени од Лебедово езеро пред Париската опера, во знак на протест поради плановите на владата на францускиот претседател Емануел Макрон да ја помести пензиската граница.

Балерините, во придружба на симфониски оркестар изведоа импровизиран настап пред стотици гледачи. Зад нив беа транспаренти со натпис „Култура во опасност“.

Тие имаат дефиниран план за пензионирање кој датира од 17 век и го вклучуваат нивното право на целосна пензија на 42 години, две децении порано од другите вработени.

Доколку ја протурка реформата на пензискиот систем тие може да ги загубат тие бенифиции.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/12/2019 10:36