Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен акт против едно лице за кривично дело – разбојништво во просториите на „Брза пратка“.

– Обвинетиот на 16.10.2018 година, влегол во просториите на оштетеното правно лице „Брза пратка“ на булевар „Јане Сандански“ и заканувајќи се на една вработена со пластичен пиштол, одзел пари во вкупен износ од 680.000 денари. На вработената и наредил парите да ги стави во неговиот ранец и да влезе во тоалетот, по што ја затворил вратата од тоалетот и избегал, соопшти Јавното обвинителство.

За обвинетиот, со решение на Кривичниот суд Скопје, на сила се мерки на претпазливост.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/12/2019 16:48