Кралицата на Велика Британија Елизабета Втора во денешната божиќна порака рече дека е импресионирана од динамиката на младите во борбата против уништувањето на животната средина.

– Предизвиците со кои денес се соочуваат многумина можат да бидат различни од оние со кои се соочувавше мојата генерација, рече 93-годишната британска кралица, која била тинејџерка за време на Втората светска војна.

– Изненадена сум како новите генерации најдоа слична смисла во темите како што се заштита на нашата околина и нашата клима, рече британската кралица.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/12/2019 21:10