Шпанскиот тенисер Рафаел Надал смета дека тој, Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер не можат да учествуваат на турнири 20 недели годишно.

– Тоа е нормална човечка еволуција. Јас сум 33 и пол. Роџер е 38 и Новак е 32 и пол. Сосема е природно, доаѓа нова генерација. Многу моќна група на играчи наскоро ќе започне да доминира. Не знам колку брзо ќе не надминат, но има многу силни момци. Не можеме повеќе да играме 20 недели годишно, останатите можат. Треба да размислиме многу за календарот и внимателно да избираме турнири. За младите сè е различно, тие можат да прават што сакаат“, рече Надал, цитиран од „Тенис ворлд УСА“.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/12/2019 21:23