Седум лица се здобиле со лесни телесни повреди во три од вкупно 12 сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во девет сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.

Од сообраќај, според податоците на СВР Скопје, полицијата исклучила еден возач кој управувал возило под дејство на алкохол, двајца возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и едно нерегистрирано возило.

За непрописно паркирање е издадена една казна, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 73 возила.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/12/2019 11:35