Гал Гадот во соработка со продукциската куќа Кешет интернејшанл ќе снима филм заснован на забранет израелски роман.
Американската глумица со израелско потекло, инаку најпозната по улогата на „жената-чудо“ во истоимениот филм, сега ќе глуми во политички контроверзната еврејско-палестинска романса од 2014 година.
Имено, филмот се заснова на романот „Живот на граница“ (Borderlife) на израелскиот писател Дорит Рабињан. Приказната е за Израелка која се вљубува во Палестинец во Њујорк.
Во 2015 година, израелскиот министер за образование, Нафтали Бенет ја забрани книгата како училишна лектира, но се чини, тоа само ја зголеми нејзината популарност, оти порасна и продажбата потоа.
Филмот е во претпродукција.
Гадот наредниов период ќе може да се погледне и во филмот „Смрт на Нил“ покрај глумецот Кенет Брана (приказна на Агата Кристи), потоа во шпионскиот трилер „Црвените белешки“ покрај Двејн Џонсон и Рајан Рејнолдс, како и во продолжението на „Жената-чудо“.