Откако на почетокот на октомври пред јавноста беше претставен првиот трајлер за најновиот акциски хит „Џентлмен“, фановите деновиве беа израдувани и со вториот во кој се гледаат некои интересни сцени во кои се појавува Метју Кеконахи, кој го игра лондонскиот крал на марихуаната.
Фабулата на филмот се врти околу дилерот Мики Пирсон, пренесен од Меконахи, кој се обидува да го продаде своето царство на династија на милијардер од Оклахома.
Тој, меѓутоа, одеднаш ќе се најде пред бројни ривали кога ќе се појави веста дека се подготвува на повлекување од царството на наркотиците, пренесоа хрватските медиуми.
Меѓу имињата што се појавуваат во фирлмот се и Чарли Ханам, Хенри Голдинг, Мишел Докери, Џереми Стронг, Еди Марсан, Колин Фарел и Хју Грант.
Сценариото и режијата ги подготви Гај Ричи, а американската премиера на филмот е закажана за 24 јануари, по што ќе следи и дистрибуција низ кината ширум светот.