Авион на ирачка авиокомпанија денеска принудно слета на аеродромот во Ростов на Дон, јужна Русија, по откажување на автопилотот.

– Авионот безбедно слета во 11.18 часот по московско време, изјави претставник на регионалните служби за безбедност за агенцијата ТАСС.

Авионот летал од Багдад во Минск, а принудно слетал на аеродромот Платов.

Други детали засега не се познати.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/12/2019 12:36