Германската Влада во 2019 година одобри рекорден извоз на оружје.

До 15 декември, Владата одобри извоз во вредност од 7,95 милијарди евра, што е најголема бројка од 2015 година, според Министерството за економски прашања.

Рекордот следи по тригодишен пад од 2015 година, кога беше извезено оружје во вредност од 7,86 милијарди евра. Во однос на 2018 година, одобрениот извоз е зголемен за 65 проценти.

Германија извезе оружје во вредност од 1,7 милијарди евра во Унгарија, 802 милиони во Египет и 483 милиони во САД.

Одобренијата нагло се зголемија по почетокот на 2019 година.

До средината на годинава, дозволите за извоз веќе ги надминаа лиценците од претходната година за 5,3 милијарди евра.

Министерот за економски прашања Питер Алтмајер изјави дека тоа се должи на долгиот процес на формирање нова влада по изборите во 2017 година, поради што многу предмети беа заоставени.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/12/2019 13:30