Повеќе десетици луѓе загинаа, а најмалку 90 се повредени во експлозијата на автомобил-бомба на безбедносен контролен пункт во главниот град на Сомалија, Могадишу.

– Бројот на загинати во Могадишу може да надмине 90, напиша сомалискиот пратеник Абдиризак Мохамед на Твитер.

Според него, меѓу жртвите има 17 полицајци, 73 цивили и четворица странски државјани.

Полицискиот капетан Мохамед Хусеин информира дека цел на нападот бил центарот за наплата на данок во Могадишу за време на утрински шпиц.

Никој досега не ја презеде одговорноста за нападот.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/12/2019 13:08