Ентони Џошуа предвидува победа за Тајсон Фјури над Дионтеј Вајлдер. Реваншот меѓу двете sвезди во тешка категорија беше официјално финализиран на 22 февруари. Битката ќе биде за титулата шампион на Светскиот боксерски совет во тешка категорија.

Првата средба во декември 2018 година заврши нерешено.

– Фјури имаше неколку полесни дуели за да ја врати својата самодоверба. Тој ќе влезе во новата година како нов човек. Тајсон сака да стане новиот шампион. Ако Фјури се придржува до својот тактички план во текот на 12-те рунди, тој е способен да го победи Вајлдер. Дионтеј покажа дека не треба да се опушташ против него ниту една секунда. Доволно му е една можност за удар. Фјури е понезгоден боксер од Ортиз. Потешко е да му се упати силен удар, изјави Џошуа.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/12/2019 13:49