Главниот инженер на Мерцедес, Енди Кауел, е импресиониран од напредокот на Хонда минатата сезона. Тој е на мислење дека Јапонците го надминале Ферари во однос на темпото на развој.

После долгогодишната борба со хибридната технологија во Формула 1, Хонда конечно почна да освојува. Трите победи забележани од Макс Верстапен со Ред Бул го зацврстија впечатокот за исклучителен напредок и во силата и во издржливоста.

– Хонда се најдобри во овогодишните подобрувања. Тие се пред Ферари во однос на развојот. Ред Бул може да направи шампионски автомобили, Макс Верстапен е неверојатен, а Хонда … инвестицијата во тоа што го прават е огромна. исто како и нивната решителност. Сето тоа се гледа на патеката, вистинската структура и донесувањето одлуки. Ќе биде многу возбудливо. Ако имаме шест автомобили кои се борат гума до гума на секоја трка, можеби уште некој инцидент, кој ќе биде пресуден – не очекува култна сезона!, вели тој.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/12/2019 13:19