Лидерката во генералниот пласман на Светскиот куп забележа втора победа за два дена, откако не остави шанси на конкуренцијата во слалом трката во Линц, Австрија. 24-годишната дама денеска беше во одлична форма, побрза беше од нејзините ривалки во двата спуста, завршувајќи со вкупно време од 1 минута, 48,89 секунди. Словачката Петра Влахова заостана 0,61 секунди, завршувајќи на второто место. Швајцарката Мишел Гизин ги комплетираше првите три со 1,72 секунди заостанување од победничката.

Така, одлуката на Шифрин да го прескокне Вал Дизер (која беше откажана поради лошите временски услови) по нејзиниот разочарувачки настап во Куршевел и да се концентрира на тренинзите, донесе одличен резултат и таа забележа две последователни победи во Линц. Освојувачката на големиот Кристален глобус во последните три сезони веќе има многу сериозно водство во генералниот пласман, водејќи со 295 поени предност пред италијанката Федерика Брињоне. Таа исто така го предводи пласманот во Слалом откако ги освои сите три старта во дисциплината оваа сезона.

Следниот старт кај жените повторно е во слалом, во Загреб, Хрватска на 4 јануари.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/12/2019 16:01