Обвинение за недозволена трговија со кокаин против 37-годишен скопјанец поднесе Основното јавно обвинителство Скопје.
Обвинетиот 37-годишник, на 4 декември во својот дом во село Глумово, неовластено заради продажба држел наркотична дрога кокаин со вкупна нето маса од 6,3 грама. Дрогата била одземена при претрес на домот од страна на овластени службени лица.
Со оглед на тоа што и натаму постои опасност обвинетиот, доколку биде пуштен да се брани од слобода, да го повтори кривичното дело или да избега, јавниот обвинител до судот достави и предлог за продолжување на определената мерка притвор.
Обвинителен акт е за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл.215 ст.1 од Кривичниот законик.