Илина Арсова утрото на 28 декември го искачи врвот Винсон на 4892 метри на Антарктикот во рамки на проектот на Федерацијата за планинарство на Северна Македонија и Агенцијата за млади и спорт и со тоа го комплетираше проектот Седумте врвови.

Како што соопшти Федерацијата за планинарство, со искачувањето на овој врв Илина стана првата Македонка која успеа да ги искачи сите седум највисоки врвови на седумте континенти и ја вброи Република Северна Македонија со свој женски претставник во светскиот планинарски предизвик 7 summits.

Планината Винсон на Јужниот пол е екстремно студена, но при искачувањето на тимот заедно со Илина имале одлични услови, ладно, но без ветер се вели во соопштението.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/12/2019 19:02